I-IV 72

Овде ќе ги објавуваме сите часови за I-IV година според планирањата кои се во согласност со насоките за Скратена наставна програма за I-IV година за онлајн настава. Сите часови се линкувани од YouTube каналот на Sportski Pedagozi Kumanovo каде што се поставени часовите за предметот Физичко и здравствено образование. Програмата за Спорт и спортски активности (online) е со четири теми, од кои три се опфатени во предметот Физичко издравствено образовние, па со линкови од тие видеа ќе ги поврземе со планирањата по Спорт и спортски активности. Темата „Аеробик“ ќе биде посебно обработена и видео часовите од оваа тема ќе се снимаат само за овој предмет.

Скратена програма за Гимназиско и Средно стручно образование

Планирање за Спорт и спортски активноси за I-IV година со 72 часа

22, 23 и 24 ЧАС, Линк до часот на YouTube Час 22, 23 и 24 за I-IV год. 72

Тема2: Вежби за развој на општата психомоторика

Методска единица: 22 Обучување на вежби со подни скали за координација.
Методска единица: 23 Увежбување на вежби со подни скали за координација.
Методска единица: 24 Интеракција на вежби со подни скали за координација.
Цел: Ученикот да ги увежбува и усовршува изведбата на вежби за развој на мускули на телото и развој на моторни способности координација со реквизит подни скали.

Услови на работа: Дома или на Отворено (двор пред куќа, зграда, природа) .

Форми на работа: Фронтална и индвидуална.

Наставни стредства: Компјутер или паметен телефон, Интернет, 4 м2 во просторија, пластичнии и платнени подни скали, леплива трак, вода, спортска облека.

Корелација: Со сите теми спортски активности застапени во глобален перспективен план.

Методи на работа: Метод на вербална комуникација, матод на демонстрација, матод на практично вежбање, метод на повремено следење и набљудување.

Метод на вреднување и оценување на темата: Метод на континуирано следење и проверување на правилно технички и естетско изведување на вежбите и правилно дишење, примена на правилни вежби за мускулатурата која ќе е најактивна во однос на наставната единица на часот, познавање на основната групна поделба на мускулите и демонстрирање на часовите.

Структура на часот: Воведен дел 5 минути: Вклучување на час, Запознавање на учениците со методска единица и Потребни реквизи; Главен дел 20 минути: Видео презентација (Воведен дел 3 минути - Подготвителен дел 5 минути - Главен дел 10 минути - Завршен дел 2 минути);

Завршен дел 5 минути: Комуникација со Интеракција, Прашања, Предлози, Препораки и Заклучок, Договор за следен час.

19, 20 и 21 ЧАС, Линк до часот на YouTube Час 19, 20 и 21 за I-IV год. 72

Тема2: Вежби за развој на општата психомоторика Методска единица: 19 Обучување на вежби со шише за координација и репетитивна сила. Методска единица: 20 Увежбување на вежби со шише за координација и репетитивна сила. Методска единица: 21 Интеракција на вежби со шише за координација и репетитивна сила. Цел: Ученикот да ги увежбува и усовршува изведбата на вежби за развој на мускули на телото и развој на моторни способности координација и репетитивна сила со реквизит шише со вода од 0.5 до 1.5 литри. Услови на работа: Дома или на Отворено (двор пред куќа, зграда, природа) . Наставни стредства: Компјутер или паметен телефон, Интернет, 3-4 м2 во просторија, 2-3 шишенца, вода, спортска облека. Форми на работа: Фронтална и индвидуална. Методи на работа: Метод на вербална комуникација, матод на демонстрација, матод на практично вежбање, метод на повремено следење и набљудување.

Завршен дел 5 минути: Комуникација со Интеракција, Прашања, Предлози, Препораки и Заклучок, Договор за следен час.

Корелација: Со сите теми спортски активности застапени во глобален перспективен план. Метод на вреднување и оценување на темата: Метод на континуирано следење и проверување на правилно технички и естетско изведување на вежбите и правилно дишење, примена на правилни вежби за мускулатурата која ќе е најактивна во однос на наставната единица на часот, познавање на основната групна поделба на мускулите и демонстрирање на часовите. Структура на часот: Воведен дел 5 минути: Вклучување на час, Запознавање на учениците со методска единица и Потребни реквизи; Главен дел 20 минути: Видео презентација (Воведен дел 3 минути - Подготвителен дел 5 минути - Главен дел 10 минути - Завршен дел 2 минути);

Завршен дел 5 минути: Комуникација со Интеракција, Прашања, Предлози, Препораки и Заклучок, Договор за следен час.

18 ЧАС, Линк до часот на YouTube Час 18 за I-IV год. Спорт и спортски активности

Осумнаесетти наставен час за учениците од I-IV година. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со употреба на реквизит дрвена палка и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба на реквизит дрвена палка каде што во три часа се обидуваме да ја подобриме моториката. Моторичка цел на часот е подобрување на рамнотежа. Ова е трет час на кој вежбите се увежбуваат и се повторуваат спортските знаења. Повеќе од половина вежби треба да се изведуваат правилно и ученикот да ги опишува вежбите, да одбере поголем дел од вежби кои ќе ги применува 3 до 5 денелно за оваа работна недела. Часот е замислен да биде со интеракција помеѓу наставникот и учениците. На крај на видеото се поставени насоки за интерактивна комуникација со анкетирање, прашалници, квиз на спортски знаења и друго (Предлагања на нови вежби и модификации на вежби, Која група на мускули е најоптоварена во текот на часот? Со кој реквизит се вежба и што може да биде алтернатива? Колку време вежбаат сами? Колку вежби изведуваат? Колку е границата за повторување на вежбите мин-макс? Каде вежбаат? Со кого вежбаат?)

17 ЧАС, Линк до часот на YouTube Час 17 за I-IV год. Спорт и спортски активности

Седумнаесетти наставен час за учениците од I-IV година. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со реквизит дрвена палка и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба на реквизит дрвена палка. Ова е втор час за презентација на вежбите како час за увежбување на дадените вежби. Наставникот може да ги презентира вежбите, но може да ги насочи учениците сами да ги побараат вежбите на YouTube channel Sportski Pedagozi Kumanovo ако имаат таква можност и да вежбат за време на часот или после наставата. Вежбите може да се изведуваат со дрвена палка од било каква големина, пластична палка (што е најпожелно), јаже, ремен и слично, а доколку нема топка или друг прирачен реквизит, може да ги изведува вежбите со имитирање на држење палка. Моторичка цел за овој час е подобрување на рамнотежа.

16 ЧАС, Линк до часот на YouTub Час 16 за I-IV год. Спорт и спортски активности

Шестнаесетти наставен час за учениците од I-IV година. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со реквизит дрвена палка и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба исто така на реквизит дрвена палка. Ова е прв час за презентација на вежбите со реквизит дрвена палка и затоа е час за обучување, со цел подобрување на моториката на телото. Наставникот на овој час може да го презентира часот пред учениците, да ги појаснува вежбите и да предлага слични на нив. Вежбите може да се изведуваат со дрвена палка од било каква гоемина, пластична палка (што е најпожелно), јаже, ремен и слично, а доколку нема топка или друг прирачен реквизит, може да ги изведува вежбите со имитирање на држење палка. Моторичка цел за овој час е подобрување на репетитивна сила.

15 ЧАС, Линк до часот на YouTube Час 15 за I-IV год. Спорт и спортски активности

Петнаесетти наставен час за учениците од I-IV година. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со употреба на реквизит пилатес топка и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба на реквизитпилатес топка каде што во три часа се обидуваме да ја подобриме моториката. Моторичка цел на часот е подобрување на репетитивна сила. Ова е трет час на кој вежбите се увежбуваат и се повторуваат спортските знаења. Повеќе од половина вежби треба да се изведуваат правилно и ученикот да ги опишува вежбите, да одбере поголем дел од вежби кои ќе ги применува 3 до 5 денелно за оваа работна недела. Часот е замислен да биде со интеракција помеѓу наставникот и учениците. На крај на видеото се поставени насоки за интерактивна комуникација со анкетирање, прашалници, квиз на спортски знаења и друго (Предлагања на нови вежби и модификации на вежби, Која група на мускули е најоптоварена во текот на часот? Со кој реквизит се вежба и што може да биде алтернатива? Колку време вежбаат сами? Колку вежби изведуваат? Колку е границата за повторување на вежбите мин-макс? Каде вежбаат? Со кого вежбаат?)

14 ЧАС, Линк до часот на YouTube Час 14 за I-IV год. Спорт и спортски активности

Четиринаесетти наставен час за учениците од I-IV година. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со реквизит пилатес топка и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба на реквизит пилатес топка. Ова е втор час за презентација на вежбите како час за увежбување на дадените вежби. Наставникот може да ги презентира вежбите, но може да ги насочи учениците сами да ги побараат вежбите на YouTube channel Sportski Pedagozi Kumanovo ако имаат таква можност и да вежбат за време на часот или после наставата. Вежбите може да се изведуваат со гумена детска топка со рачки за скокање и седење на неа, со топка за кошарка или со било која друга топка, а доколку нема топка може да ги изведува вежбите со имитирање на држење топка. Моторичка цел за овој час е подобрување на репетитивна сила.

13 ЧАС, Линк до часот на YouTube Час 13 за I-IV год. Спорт и спортски активности

Тринаесетти наставен час за учениците од I-IV година. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со реквизит пилатес топка и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба исто така на реквизит пилатес топка. Ова е прв час за презентација на вежбите со реквизит пилатес топка и затоа е час за обучување, со цел подобрување на моториката на телото. Наставникот на овој час може да го презентира часот пред учениците, да ги појаснува вежбите и да предлага слични на нив. Вежбите може да се изведуваат со гумена детска топка со рачки за скокање и седење на неа, со топка за кошарка или со било која друга топка, а доколку нема топка може да ги изведува вежбите со имитирање на држење топка. Моторичка цел за овој час е подобрување на репетитивна сила.

12 ЧАС, Линк до часот на YouTube Час 12, I-IV год. Спорт и спортски активности

Дванаесетти наставен час за учениците од I-IV година. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со Ѕид како помагало и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба на Ѕид како помагало. Ова е втор час за презентација на вежбите како час за увежбување на дадените вежби. Наставникот може да ги презентира вежбите, но може да ги насочи учениците сами да ги побараат вежбите на YouTube channel Sportski Pedagozi Kumanovo ако имаат таква можност и да вежбат за време на часот или после наставата. Моторичка цел за овој час е подобрување на општа сила.

11 ЧАС, Линк до часот на YouTube Час 11, I-IV год. Спорт и спортски активности

Единаесетти наставен час за учениците од I-IV година. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со Ѕид како помагало и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба исто така со Ѕид како помагало. Ова е прв час за презентација на вежбите со Ѕид како помагало и затоа е час за обучување, со цел подобрување на моториката на телото. Наставникот на овој час може да го презентира часот пред учениците, да ги појаснува вежбите и да предлага слични на нив. Сите вежби се изведуваат на Ѕид или врата. Моторичка цел за овој час е подобрување на општа сила.

10 ЧАС, Линк до часот на YouTube Час 10, I-IV год. Спорт и спортски активности

Десети наставен час за учениците од I-IV година. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со употреба на реквизит јаже за прескокнување и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба на реквизит јаже за прескокнување каде што во три часа се обидуваме да ја подобриме моториката. Моторичка цел на часот е подобрување на експлозивна сила. Ова е трет час на кој вежбите се увежбуваат и се повторуваат спортските знаења. Повеќе од половина вежби треба да се изведуваат правилно и ученикот да ги опишува вежбите, да одбере поголем дел од вежби кои ќе ги применува 3 до 5 денелно за оваа работна недела. Часот е замислен да биде со интеракција помеѓу наставникот и учениците. На крај на видеото се поставени насоки за интерактивна комуникација со анкетирање, прашалници, квиз на спортски знаења и друго (Предлагања на нови вежби и модификации на вежби, Која група на мускули е нај оптоварена во текот на часот? Со кој реквизит се вежба и што може да биде алтернатива? Колку време вежбаат сами? Колку вежби изведуваат? Колку е границата за повторување на вежбите мин-макс? Каде вежбаат? Со кого вежбаат?)

9 ЧАС, Линк до часот на YouTube Час 9, I-IV год. Спорт и спортски активности

Деветти наставен час за учениците од I-IV година. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со реквизит јаже за прескокнување и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба на реквизит јаже за прескокнување. Ова е втор час за презентација на вежбите како час за увежбување на дадените вежби. Наставникот може да ги презентира вежбите, но може да ги насочи учениците сами да ги побараат вежбите на YouTube channel Sportski Pedagozi Kumanovo ако имаат таква можност и да вежбат за време на часот или после наставата. Сите вежби прво се изведуваат без реквизит, односно, со имитирање на движењата, како пониско или почетно ниво на знаење, а потоа се употребува јажето. Во домот сите вежби се изведуваат без јаже, заради висината на плафонот, а надвор во хол на зграда, пред семејна куќа или зграда и на отворен простор се применуваат вежбите со скокање на јажето. Моторичка цел за овој час е подобрување на експлозивна сила.

8 ЧАС, Линк до часот на YouTube Час 8, I-IV год. Спорт и спортски активности

Осми наставен час за учениците од I-IV година. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со реквизит јаже за прескокнување и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба исто така на реквизит јаже за прескокнување. Ова е прв час за презентација на вежбите со реквизит јаже за прескокнување и затоа е час за обучување, со цел подобрување на моториката на телото. Наставникот на овој час може да го презентира часот пред учениците, да ги појаснува вежбите и да предлага слични на нив. Сите вежби прво се изведуваат без реквизит, односно, со имитирање на движењата, како пониско или почетно ниво на знаење, а потоа се употребува јажето. Во домот сите вежби се изведуваат без јаже, заради висината на плафонот, а надвор во хол на зграда, пред семејна куќа или зграда и на отворен простор се применуваат вежбите со скокање на јажето. Моторичка цел за овој час е подобрување на експлозивна сила.

7 ЧАС, Линк до часот на YouTube Час 7, I-IV год. Спорт и спортски активности

Седми наставен час за учениците од I-IV година. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со употреба на реквизит топка и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба на топка каде што во три часа се обидуваме да ја подобриме координацијата. Ова е трет час на кој вежбите се увежбуваат и се повторуваат спортските знаења. Повеќе од половина вежби треба да се изведуваат правилно и да знае ученикот да ги опише вежбите, да одбере поголем дел од вежби кои ќе ги применува 3 до 5 денелно за оваа работна недела. Часот е замислен да биде со интеракција помеѓу наставникот и учениците. На крај на видеото се поставени насоки за интерактивна комуникација со анкетирање, прашалници, квиз на спортски знаења и друго.

6 ЧАС, Линк до часот на YouTube Час 6, I-IV год. Спорт и спортски активности

Шести наставен час за учениците од I-IV година. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со реквизит топка и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба на топка. Ова е втор час за презентација на вежбите како час за увежбување на дадените вежби. Наставникот може да ги презентира вежбите, но може да ги насочи учениците сами да ги побараат вежбите на YouTube channel Sportski Pedagozi Kumanovo ако имаат таква можност и да вежбат за време на часот или после наставата.

5 ЧАС, Линк до часот на YouTube Час 5, I-IV год. Спорт и спортски активности

Петти наставен час за учениците од I-IV година. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со реквизит топка и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба исто така на реквизит топка. Ова е прв час за презентација на вежбите со реквизит топка и затоа е час за обучување, со цел подобрување на координација на телото. Наставникот на овој час може да го презентира часот пред учениците, да ги појаснува вежбите и да предлага слични на нив.

4 ЧАС, Линк до часот на YouTube Час 4, I-IV год. Спорт и спортски активностит

Четврти наставен час за учениците од I-IV година. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој без употреба на реквизит и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба на тениско топче каде што во три часа се обидуваме да ја подобриме координацијата. Ова е трет час на кој вежбите се увежбуваат и се повторуваат спортските знаења. Повеќе од половина вежби треба да се изведуваат правилно и да знае ученикот да ги опише вежбите, да одбере поголем дел од вежби кои ќе ги применува 3 до 5 денелно за оваа работна недела. Часот е замислен да биде со интеракција помеѓу наставникот и учениците. На крај на видеото се поставени насоки за интерактивна комуникација со анкетирање, прашалници, квиз на спортски знаења и друго.

3 ЧАС, Линк до часот на YouTube Час 3, I-IV год. Спорт и спортски активности

Трет наставен час за учениците од I-IV година. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој без употреба на реквизит и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба на тениско топче. Ова е втор час на кој вежбите се увежбуваат, повеќе од половина вежби треба да се изведуваат правилно, а за другите наставникот да дава совети, насоки и упатства за да се подобрат изведбите.

2 ЧАС, Линк до часот на YouTube Час 2, I-IV год. Спорт и спортски активности

Втор наставен час за учениците од I-IV година. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој без употреба на реквизит и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба на тениско топче. Ова е прв час за презентација на вежбите и затоа е час за обучување.

1 ЧАС, Линк до часот на YouTube Час 1, I-IV год. Спорт и спортски активности

Воведување во онлајн наставата по предметот Спорт и спортски активности за учениците од I-IV година преку запознавање на учениците со програмата. Програмата е разработена преку две теми за сите месеци. Секоја тема е разработена со методски единици кои ќе бидат презентирани како видео презентации.

No comments:

Post a Comment

Час 58, 59 и 60 за 6-9 одд. (360 видео VR) ФЗО, Јаже за експлозивна и репетитивна сила

  УПАТСТВО ЗА ГЛЕДАЊЕ НА 360 ВИДЕО: https://youtu.be/3B2iX2QzFiE ​ Доколку е матна сликата на видеото ќе треба да го подесите квалитетот на ...