Friday, November 27, 2020

Час 25 и 26 за I-IV год. (Во 360 степени VR) Спорт и спортски активности

 Тема3: Аеробик

Методска единица: 25 Обучување на почетни чекори за аеробик.
Методска единица: 26 Увежбување на почетни чекори за аеробик.
Музиката ја пушта самиот ученик со цел да се прилагоди на ритамот и да повтори неколку пати. Во следните видеа и побрзи ора, музиката ќе ја пуштаат и наставниците.
Цел: Ученикот да ги увежбува и усовршува изведбата на движење на основни чекори за аеробик.
Наставни стредства: Компјутер или паметен телефон, Интернет, 4 м2 во просторија, извор на музика, флашичка со вода.
Услови на работа: Дома или на Отворено (двор пред куќа, зграда, природа) . Форми на работа: Фронтална и индвидуална.
Корелација: Со сите теми спортски активности застапени во глобален перспективен план.
Методи на работа: Метод на вербална комуникација, матод на демонстрација, матод на практично вежбање, метод на повремено следење и набљудување.
Метод на вреднување и оценување на темата: Метод на континуирано следење и проверување на правилно технички и естетско изведување на вежбите и правилно дишење, примена на правилни вежби за мускулатурата која ќе е најактивна во однос на наставната единица на часот, познавање на основната групна поделба на мускулите и демонстрирање на часовите.
Структура на часот: Воведен дел 5 минути: Вклучување на час, Запознавање на учениците со методска единица и Потребни реквизи; Главен дел 20 минути: Видео презентација (Воведен дел 3 минути - Подготвителен дел 5 минути - Главен дел 10 минути - Завршен дел 2 минути);
Завршен дел 5 минути: Комуникација со Интеракција, Прашања, Предлози, Препораки и Заклучок, Договор за следен час.

Thursday, November 26, 2020

Час 15 за 1-5 одд. (во 360 степени VR) Физичко и здравствено образовние во одделенска настава

Тема: Вежби за обликаување на тело и движења
Методска единица: Вежби за труп (претклон-затклон)
Цел: Ученикот да изведе повеќе различни вежби за мускулите на трупот
Форми на работа: Фронтална и индивидуална
Методи на работа: Метод на вербална комуникација, Метод на демонстрација, Метод на практично вежбање од дома
Нагледни средства: Компјутер, интернет, просторија, топка.
Методи на вреднување: Метод на повремено онлајн следење на начинот на изведбата на вежбите, интензитет на вежбањето како и бројот на повторувањата.
Корелација: Со сите теми и содржини од наставната програма
Часот го започнуваме без реквизит и се раздвижуваме, разигруваме во место и во движење, односно се загреваме. Вежбите се изветуваат за предна, задна и странична мускулатура на трупот, преку засуци на трупот на разни начини, претклони, затклони и отклони во комбинација. По вежбите за раздвижување и за истенување, некои вежби придонесуваат и за развој на сила на овие мускули. На крај на часот даваме неколку движења за лабавење на мускулатурата.
Структура на час: Во воведен дел на часот вежбите се подинамични и со движење на телото во лесно трчање 1-2 метри напред-назад или лево-десно за загревање на телото. Во подготвителен дел се даваат вежби за истегнување на мускулите на телото. Во главниот дел на часот дадени се вежби за координација, а на крај се дадени вежби за лабавење.

Час 28, 29 и 30 за 6-9 одд. (Во 360 степени VR) Физичко и здравствено образование

Тема3: Танци

Методска единица: 28 Обучување на оро Пајдушко.
Методска единица: 29 Увежбување на оро Пајдушко.
Методска единица: 30 Интеракција на оро Пајдушко.
Цел: Ученикот да ги увежбува и усовршува изведбата на играње на народни оро Пајдушко.
Услови на работа: Дома или на Отворено (двор пред куќа, зграда, природа) .
Наставни стредства: Компјутер или паметен телефон, Интернет, 4 м2 во просторија, флашичка со вода.
Форми на работа: Фронтална и индвидуална.
Корелација: Со сите теми спортски активности застапени во глобален перспективен план.
Методи на работа: Метод на вербална комуникација, матод на демонстрација, матод на практично вежбање, метод на повремено следење и набљудување.
Метод на вреднување и оценување на темата: Метод на континуирано следење и проверување на правилно технички и естетско изведување на вежбите и правилно дишење, примена на правилни вежби за мускулатурата која ќе е најактивна во однос на наставната единица на часот, познавање на основната групна поделба на мускулите и демонстрирање на часовите.
Структура на часот: Воведен дел 5 минути: Вклучување на час, Запознавање на учениците со методска единица и Потребни реквизи; Главен дел 20 минути: Видео презентација (Воведен дел 3 минути - Подготвителен дел 5 минути - Главен дел 10 минути - Завршен дел 2 минути);
Завршен дел 5 минути: Комуникација со Интеракција, Прашања, Предлози, Препораки и Заклучок, Договор за следен час.

Час 25, 26 и 27 за 6-9 одд. (Во 360 степени VR) Физичко и здравствено образование

Тема3: Танци

Методска единица: 25 Обучување на оро Рамно.
Методска единица: 26 Увежбување на оро Рамно.
Методска единица: 27 Интеракција на оро Рамно.
Музиката ја пушта самиот ученик со цел да се прилагоди на ритамот и да повтори неколку пати. Во следните видеа и побрзи ора, музиката ќе ја пуштаат и наставниците.
Цел: Ученикот да ги увежбува и усовршува изведбата на играње на народни оро Рамно. Услови на работа: Дома или на Отворено (двор пред куќа, зграда, природа) .
Форми на работа: Фронтална и индвидуална.
Наставни стредства: Компјутер или паметен телефон, Интернет, 4 м2 во просторија, извор на музика со ритам на оро рамно, флашичка со вода. Методи на работа: Метод на вербална комуникација, матод на демонстрација, матод на практично вежбање, метод на повремено следење и набљудување.
Метод на вреднување и оценување на темата: Метод на континуирано следење и проверување на правилно технички и естетско изведување на вежбите и правилно дишење, примена на правилни вежби за мускулатурата која ќе е најактивна во однос на наставната единица на часот, познавање на основната групна поделба на мускулите и демонстрирање на часовите.
Корелација: Со сите теми спортски активности застапени во глобален перспективен план. Структура на часот: Воведен дел 5 минути: Вклучување на час, Запознавање на учениците со методска единица и Потребни реквизи; Главен дел 20 минути: Видео презентација (Воведен дел 3 минути - Подготвителен дел 5 минути - Главен дел 10 минути - Завршен дел 2 минути);
Завршен дел 5 минути: Комуникација со Интеракција, Прашања, Предлози, Препораки и Заклучок, Договор за следен час.

Tuesday, November 10, 2020

Час 22, 23 и 24 за 6-9 одд. (во 360 степени VR) Физичко и здравствено образование

Тема2: Вежби за развој на општата психомоторика

Методска единица: 22 Обучување на вежби со подни скали за координација.
Методска единица: 23 Увежбување на вежби со подни скали за координација.
Методска единица: 24 Интеракција на вежби со подни скали за координација.
Цел: Ученикот да ги увежбува и усовршува изведбата на вежби за развој на мускули на телото и развој на моторни способности координација со реквизит подни скали.
Услови на работа: Дома или на Отворено (двор пред куќа, зграда, природа) .
Форми на работа: Фронтална и индвидуална.
Наставни стредства: Компјутер или паметен телефон, Интернет, 4 м2 во просторија, пластичнии и платнени подни скали, леплива трак, вода, спортска облека.
Корелација: Со сите теми спортски активности застапени во глобален перспективен план.
Методи на работа: Метод на вербална комуникација, матод на демонстрација, матод на практично вежбање, метод на повремено следење и набљудување.
Метод на вреднување и оценување на темата: Метод на континуирано следење и проверување на правилно технички и естетско изведување на вежбите и правилно дишење, примена на правилни вежби за мускулатурата која ќе е најактивна во однос на наставната единица на часот, познавање на основната групна поделба на мускулите и демонстрирање на часовите.
Структура на часот: Воведен дел 5 минути: Вклучување на час, Запознавање на учениците со методска единица и Потребни реквизи; Главен дел 20 минути: Видео презентација (Воведен дел 3 минути - Подготвителен дел 5 минути - Главен дел 10 минути - Завршен дел 2 минути);
Завршен дел 5 минути: Комуникација со Интеракција, Прашања, Предлози, Препораки и Заклучок, Договор за следен час.

Час 14 за 1-5 одд. (во 360 степени VR) Физичко и здравствено образовние во одделенска настава

 Тема: Вежби за обликаување на тело и движења

Методска единица: Вежби за раце и раменски појас
Цел: Ученикот да изведе повеќе различни вежби за мускулите на раце и раменски појас
Форми на работа: Фронтална и индивидуална
Методи на работа: Метод на вербална комуникација, Метод на демонстрација, Метод на практично вежбање од дома
Нагледни средства: Компјутер, интернет, просторија, топка.
Методи на вреднување: Метод на повремено онлајн следење на начинот на изведбата на вежбите, интензитет на вежбањето како и бројот на повторувањата.
Корелација: Со сите теми и содржини од наставната програма
Часот го започнуваме со реквизит гумена топка со која се раздвижуваме, разигруваме воместо и во движење, односно се загреваме. Со топката изведуваме манупулативни движења за координација. Потоа вежбите за раце и раменски појас исто така ги работиме без топка за сите зглобови на мускули на рака и раменскиот појас и тоа редоследно. По вежбите за раздвижување и за истенување, некои вежби придонесуваат и за развој на сила на овие мускули. На крај на часот даваме неколку движења за лабавење на мускулатурата.
Структура на час: Во воведен дел на часот вежбите се подинамични и со движење на телото во лесно трчање 1-2 метри напред-назад или лево-десно за загревање на телото. Во подготвителен дел се даваат вежби за истегнување на мускулите на телото. Во главниот дел на часот дадени се вежби за координација, а на крај се дадени вежби за лабавење.

Час 13 за 1-5 одд. (во 360 степени VR) Физичко и здравствено образовние во одделенска настава

 Тема: Вежби за обликување на тело и движења

Методска единица: Ставови
Цел: Ученикот да изведе повеќе различни почетни положби - ставови.
Форми на работа: Фронтална и индивидуална
Методи на работа: Метод на вербална комуникација, Метод на демонстрација, Метод на практично вежбање од дома
Нагледни средства: Компјутер, интернет, просторија, подлога-теписон.
Методи на вреднување: Метод на повремено онлајн следење на начинот на изведбата на вежбите, интензитет на вежбањето како и бројот на повторувањата.
Корелација: Со сите теми и содржини од наставната програма
Ставови се всушност положби од кои започнува некое движење. Може да биде и положба во дел од целата вежба или може да биде завршна полжба на движењето. Наставникот редоследно ги покажува ставовите од стоење па се до лежење. Поделени во неколку групи презентирани се повеќе од 30 ставови. Овие положби учениците со текот на вежбањето треба да ги препознаваат и по демонстрирање од наставникот, но и по нивниот назив кога наставникот го изговара или пак кога имаат можност да го прочитаат во некој литература, тогаш ќе може да направат претстава за истата положба или став. Започнуваме со ставови во Стоење, ставови во чучнување, на втора позиција се продолжува во ставови во Клекнување и ставови во Седење, а на третата позиција се завршува со ставови во Лежење и во Потпирање.
Структура на час: Ова е специфичен час во кој за цело време на часот учениците се запознаваат со различни положби или ставови поделени во шест групи.


Wednesday, November 4, 2020

Час 19, 20 и 21 за 6-9 одд. (во 360 степени VR) Физичко и здравствено образование

Упатство за гледање:
Доколку е матна сликата на видеото ќе треба да го подесите квалитетот на сликата во HD или во најголем квалитет кој го поддржува уредот преку кој го гледате, односно, преку кој го вклучувате видеото. Видеото е снимено во 360 степени формат кое може да го гледате или да го следите наставникот кој демонстрира со движење на глувче по екранот во насока во која тој се движи (сликата ротира лево-десно и горе-долу) на компјутер или со движење на паментен телефон во насоки во кои се движи наставникот што демонстрира вежби или со носење на VR очила (доколку видеото го пушти на својот компјутер родителот или ученикот). Доколку видеото го споделува наставникот преку споделување на својот екран, тогаш наставникот ќе мора да ја движи сликата во насока во која што се движи наставникот кој демонстрира или да ги види вежбите од друг агол, како што е претходно опишано за ученик и родител.

Тема2: Вежби за развој на општата психомоторика Методска единица: 19 Обучување на вежби со шише за координација и репетитивна сила. Методска единица: 20 Увежбување на вежби со шише за координација и репетитивна сила. Методска единица: 21 Интеракција на вежби со шише за координација и репетитивна сила. Цел: Ученикот да ги увежбува и усовршува изведбата на вежби за развој на мускули на телото и развој на моторни способности координација и репетитивна сила со реквизит шише со вода од 0.5 до 1.5 литри. Услови на работа: Дома или на Отворено (двор пред куќа, зграда, природа) . Наставни стредства: Компјутер или паметен телефон, Интернет, 3-4 м2 во просторија, 2-3 шишенца, вода, спортска облека. Форми на работа: Фронтална и индвидуална. Методи на работа: Метод на вербална комуникација, матод на демонстрација, матод на практично вежбање, метод на повремено следење и набљудување.
Завршен дел 5 минути: Комуникација со Интеракција, Прашања, Предлози, Препораки и Заклучок, Договор за следен час.
Корелација: Со сите теми спортски активности застапени во глобален перспективен план. Метод на вреднување и оценување на темата: Метод на континуирано следење и проверување на правилно технички и естетско изведување на вежбите и правилно дишење, примена на правилни вежби за мускулатурата која ќе е најактивна во однос на наставната единица на часот, познавање на основната групна поделба на мускулите и демонстрирање на часовите. Структура на часот: Воведен дел 5 минути: Вклучување на час, Запознавање на учениците со методска единица и Потребни реквизи; Главен дел 20 минути: Видео презентација (Воведен дел 3 минути - Подготвителен дел 5 минути - Главен дел 10 минути - Завршен дел 2 минути);
Завршен дел 5 минути: Комуникација со Интеракција, Прашања, Предлози, Препораки и Заклучок, Договор за следен час.

Tuesday, November 3, 2020

Час 11 и 12 за 1-5 одд. (во 360 степени VR) Физичко и здравствено образовние во одделенска настава

Тема: Запознај се со своето тело

Методска единица: Правам вежби како моето другарче

Цел: Да изведе вежба која покажана, демонстрирана од член на семејството.

Вежби кои се дадени од наставникот или од другарчето, ученикот треба веднаш да ги изведе или нешто слично на огледало. Ученкот ја гледа демонстрацијата, го препознава и аналзира движењето и најбрго што може и реагира со правење на вежба како своето другарче.
Во домашни услови член од семејство може да задава задачи-вежби кои ќе бидат различни и тоа 10 до 15 вежби со што треба да внивама прво да задава вежби за загревање, потоа вежби за истегнување, па потоа може да дава различни вежби како главен и најинтересен дел од часот, а во следните часови да побара од ученикот да задава неколку задачи-вежби како повисоко ниво на знаење.
Структура на час: Во воведен дел на часот вежбите се подинамични и со движење на телото во лесно трчање 1-2 метри напред-назад или лево-десно за загревање на телото. Во подготвителен дел се даваат вежби за истегнување на мускулите на телото. Во главниот дел на часот дадени се вежби за координација, а на крај се дадени вежби за лабавење.
Упатство за гледање: Доколку е матна сликата на видеото ќе треба да го подесите квалитетот на сликата во HD или во најголем квалитет кој го поддржува уредот преку кој го гледате, односно, преку кој го вклучувате видеото. Видеото е снимено во 360 степени формат кое може да го гледате или да го следите наставникот кој демонстрира со движење на глувче по екранот во насока во која тој се движи (сликата ротира лево-десно и горе-долу) на компјутер или со движење на паментен телефон во насоки во кои се движи наставникот што демонстрира вежби или со носење на VR очила, доколку видеото го пушти на својот компјутер родителот или ученикот. Доколку видеото го сподели наставникот преку споделување на својот екран, тогаш наставникот-одделенскиот наставник ќе мора да ја движи сликата во насока во која што се движи наставникот кој демонстрира како што е претходно опишано за ученик и родител.


Час 58, 59 и 60 за 6-9 одд. (360 видео VR) ФЗО, Јаже за експлозивна и репетитивна сила

  УПАТСТВО ЗА ГЛЕДАЊЕ НА 360 ВИДЕО: https://youtu.be/3B2iX2QzFiE ​ Доколку е матна сликата на видеото ќе треба да го подесите квалитетот на ...