Тринаесетти наставен час за учениците од 6-9 одделение. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со реквизит пилатес топка и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба исто така на реквизит пилатес топка. Ова е прв час за презентација на вежбите со реквизит пилатес топка и затоа е час за обучување, со цел подобрување на моториката на телото. Наставникот на овој час може да го презентира часот пред учениците, да ги појаснува вежбите и да предлага слични на нив. Вежбите може да се изведуваат со гумена детска топка со рачки за скокање и седење на неа, со топка за кошарка или со било која друга топка, а доколку нема топка може да ги изведува вежбите со имитирање на држење топка. Моторичка цел за овој час е подобрување на репетитивна сила.
Час 13 за 6-9 одд. Физичко и здравствено образование by Jugoslav Spasikj is licensed under CC BY 4.0
No comments:
Post a Comment