Четврти наставен час од темата Запознај се со своето тело. Методската единица за мерење на телесна височина на телото на ученикот ја даваме на интересен начин. Инаку, самата техника на мерење претставува физичка задача за манипулативни вештини и чусвтво на ученикот за просторот околу себе. За учениците од прво и второ одделение мерењето е пожелно да биде со помагање од член на семејството, додека за трето, четврто и петто одделение да се обидат сами да го изведат мерењето за што треба да им се даде подолг временски интервал. Преку број на повторувања на одредена физичка вежба, се мотивира ученикот да вежба и да ја запомни својата висина. Во часот се опшани повеќе вежби за скоро сите цифри од 0 до 9. Ученикот и родителот може да изберат дел од нив и да ги повторат по три до четири пати избраните 2-3 различни вежби.
Час 4 за 1-5 одд. Физичко и здравствено образование во одделенска настава by Jugoslav Spasikj is licensed under CC BY 4.0
No comments:
Post a Comment