Седми наставен час од темата Запознај се со своето тело. Цртањето на дланката, односно, дланкограм е предизвик од моторички аспект за цртање-движења со појака и послаба рака околу една и околу друга шака. По завршување на цртањето, истиот цртеж да се исече со ножички, што претставува уште една физичка вежба и манипулација со раце. По исцртани и исечени 5-6 дланкограми може да се искористат како реквизити и нагледни средства за физички актиности во просторот во собата. Сите вежби кои можат да се изведат со исечените дланкограми се покажани во оваа видео, а учениците и родителите може да изберат дел од нив.
Час 7 за 1-5 одд. Физичко и здравствено образование за одделенска настава by Jugoslav Spasikj is licensed under CC BY 4.0
No comments:
Post a Comment