Деветти наставен час за учениците од 6-9 одделение. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со реквизит јаже за прескокнување и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба на реквизит јаже за прескокнување. Ова е втор час за презентација на вежбите како час за увежбување на дадените вежби. Наставникот може да ги презентира вежбите, но може да ги насочи учениците сами да ги побараат вежбите на YouTube channel Sportski Pedagozi Kumanovo ако имаат таква можност и да вежбат за време на часот или после наставата. Сите вежби прво се изведуваат без реквизит, односно, со имитирање на движењата, како пониско или почетно ниво на знаење, а потоа се употребува јажето. Во домот сите вежби се изведуваат без јаже, заради висината на плафонот, а надвор во хол на зграда, пред семејна куќа или зграда и на отворен простор се применуваат вежбите со скокање на јажето. Моторичка цел за овој час е подобрување на експлозивна сила.
Час 9, за 6-9 одд. Физичко и здравствено образование by Jugoslav Spasikj is licensed under CC BY 4.0
No comments:
Post a Comment