Тема2: Вежби за развој на општата психомоторика
Методска единица: 22 Обучување на вежби со подни скали за координација.
Методска единица: 23 Увежбување на вежби со подни скали за координација.
Методска единица: 24 Интеракција на вежби со подни скали за координација.
Цел: Ученикот да ги увежбува и усовршува изведбата на вежби за развој на мускули на телото и развој на моторни способности координација со реквизит подни скали.
Услови на работа: Дома или на Отворено (двор пред куќа, зграда, природа) .
Форми на работа: Фронтална и индвидуална.
Наставни стредства: Компјутер или паметен телефон, Интернет, 4 м2 во просторија, пластичнии и платнени подни скали, леплива трак, вода, спортска облека.
Корелација: Со сите теми спортски активности застапени во глобален перспективен план.
Методи на работа: Метод на вербална комуникација, матод на демонстрација, матод на практично вежбање, метод на повремено следење и набљудување.
Метод на вреднување и оценување на темата: Метод на континуирано следење и проверување на правилно технички и естетско изведување на вежбите и правилно дишење, примена на правилни вежби за мускулатурата која ќе е најактивна во однос на наставната единица на часот, познавање на основната групна поделба на мускулите и демонстрирање на часовите.
Структура на часот:
Воведен дел 5 минути: Вклучување на час, Запознавање на учениците со методска единица и Потребни реквизи;
Главен дел 20 минути: Видео презентација (Воведен дел 3 минути - Подготвителен дел 5 минути - Главен дел 10 минути - Завршен дел 2 минути);
Завршен дел 5 минути: Комуникација со Интеракција, Прашања, Предлози, Препораки и Заклучок, Договор за следен час.
No comments:
Post a Comment