Thursday, December 3, 2020

Час 17 за 1-5 одд. (во 360 степени VR) Физичко и здравствено образовние во одделенска настава

Тема: Вежби за обликаување на тело и движења

Методска единица: Вежби за раце и раменски појас со реквизит обрач
Цел: Ученикот да изведе повеќе различни вежби за мускулите на трупот
Форми на работа: Фронтална и индивидуална
Методи на работа: Метод на вербална комуникација, Метод на демонстрација, Метод на практично вежбање од дома
Нагледни средства: Компјутер, интернет, просторија, топка.
Методи на вреднување: Метод на повремено онлајн следење на начинот на изведбата на вежбите, интензитет на вежбањето како и бројот на повторувањата.
Корелација: Со сите теми и содржини од наставната програма
Часот го започнуваме со реквизит обраќ и се раздвижуваме, разигруваме во место и во движење, односно се загреваме. Вежбите се изведуваат за сите делови на рацете и делот на рамењата, во горниот дел на трупот, преку одрачувања, предрачувања, задрачувања, вкрстувања и во комбинација. По вежбите за раздвижување и за истенување, некои вежби придонесуваат и за развој на сила на овие мускули. На крај на часот даваме неколку движења за лабавење на мускулатурата.
Структура на час: Во воведен дел на часот вежбите се подинамични и со движење на телото во лесно трчање 1-2 метри напред-назад или лево-десно за загревање на телото. Во подготвителен дел се даваат вежби за истегнување на мускулите на телото. Во главниот дел на часот дадени се вежби за координација, а на крај се дадени вежби за лабавење.

No comments:

Post a Comment

Час 58, 59 и 60 за 6-9 одд. (360 видео VR) ФЗО, Јаже за експлозивна и репетитивна сила

  УПАТСТВО ЗА ГЛЕДАЊЕ НА 360 ВИДЕО: https://youtu.be/3B2iX2QzFiE ​ Доколку е матна сликата на видеото ќе треба да го подесите квалитетот на ...