Monday, December 7, 2020

Час 20 и 21 за 1-5 одд. (во 360 степени VR) Физичко и здравствено образовние во одделенска настава

Тема: Вежби за обликување на тело и движења

Методска единица: Вежби за раце и раменски појас во седење
Цел: Ученикот да изведе повеќе различни вежби за мускулите на вратот и рамениците
Форми на работа: Фронтална и индивидуална
Методи на работа: Метод на вербална комуникација, Метод на демонстрација, Метод на практично вежбање од дома
Нагледни средства: Компјутер, интернет, просторија, топка.
Методи на вреднување: Метод на повремено онлајн следење на начинот на изведбата на вежбите, интензитет на вежбањето како и бројот на повторувањата.
Корелација: Со сите теми и содржини од наставната програма
Часот го започнуваме со седење и се раздвижуваме, истегнуваме во место на столче, односно се загреваме. Вежбите се изведуваат за сите делови на рацете и делот на рамењата, во горниот дел на трупот, преку одрачувања, предрачувања, задрачувања, засукуцања и во комбинација. По вежбите за раздвижување и за истенување, некои вежби придонесуваат и за развој на сила на овие мускули. На крај на часот даваме неколку нозете за зголемување на протокот на крвта во нозете, односно, за подобра циркулација.
Структура на час: Во воведен дел на часот вежбите се подинамични и со движење на рамениците кружно, напред-назад или лево-десно за загревање на телото. Во подготвителен и главниот дел на часот се даваат вежби за истегнување на мускулите на рацетеи вратот како превенција од лошо и континуирано лошо седење пред компјутер во услови на учење од дома.

No comments:

Post a Comment

Час 58, 59 и 60 за 6-9 одд. (360 видео VR) ФЗО, Јаже за експлозивна и репетитивна сила

  УПАТСТВО ЗА ГЛЕДАЊЕ НА 360 ВИДЕО: https://youtu.be/3B2iX2QzFiE ​ Доколку е матна сликата на видеото ќе треба да го подесите квалитетот на ...