Sunday, January 31, 2021

Час 40, 41 и 42 за 6-9 одд. ФЗО, Лордоза - превенција

 ТЕМА 4: Корективна гимнастика (Превенција од Лордоза)

Методска единица: 40 Обучување на вежби за превенција од Лордоза. Методска единица: 41 Увежбување на вежби за превенција од Лордоза. Методска единица: 42 Увежбување на вежби за превенција од Лордоза. -Цел: Ученикот да ги увежбува и усовршува и изведува техниките на вежбите, движењата и држењата на телото или делови од телото кои превенираат лошо држење на телото, спречуваат појава на деформитет или го спречуваат неговиот развој. -Услови на работа: Дома или на Отворено (двор пред куќа, зграда, природа) . -Наставни стредства: Компјутер или паметен телефон, Интернет, 4 м2 во просторија, флашичка со вода, маичка, пешкирче, лента-конец и тег-висок. -Форми на работа: Фронтална и индвидуална. -Методи на работа: Метод на вербална комуникација, матод на демонстрација, матод на практично вежбање, метод на повремено следење и набљудување. -Корелација: Со сите теми спортски активности застапени во глобален перспективен план. -Метод на вреднување и оценување на темата: Метод на континуирано следење и проверување на правилно технички и естетско изведување на вежбите и правилно дишење, примена на правилни вежби за мускулатурата која ќе е најактивна во однос на наставната единица на часот, познавање на основната групна поделба на мускулите и демонстрирање на часовите. -Структура на часот: ВОВЕДЕН ДЕЛ НА ОНЛАЈН ЧАСОТ, 3 минути: Вклучување на час, запишување на час во е-днавник, дежурни, отсутни, ученици кои неможат целосно да вежбаат, вклучување камери; ПОДГОТВИТЕЛЕН ДЕЛ НА ОНЛЈАН ЧАСОТ, 5 минути: Запознавање на учениците со методска единица, потребни реквизи, алтернативни решенија за реквизити, потребен простор?!; ГЛАВЕН ДЕЛ НА ОНЛАЈН ЧАСОТ, 20 минути: Видео презентација за практично вежбање од дома која содржи примери на физички вежби за: - (3:07) Воведен дел - ВEЖБИ ЗА ЗАГРЕВАЊЕ на телесна температура од 3 минути; - (5:40) Подготвителен дел - ВЕЖБИ ЗА ИСТЕГНУВАЊЕ на мускулатурата на телото и раздвижување на зглобовите од 5 минути ; - (10:37) Главен дел - ВЕЖБИ со кои се развиваат моторичките способности на ученикот како (координација, сила, брзина, рамнотежа, флексибилност) од 10 минути; - (18:55) Завршен дел - ВЕЖБИ ЗА ЛАБАВЕЊЕ и истегнување на мускулите кои се најмногу оптоварени за време на изведување на вежбите во текот на целиот час од 2 минути; ЗАВРШЕН ДЕЛ НА ОНЛАЈН ЧАСОТ, 3 минути: Комуникација со интеракција, прашања, предлози, препораки и заклучок, договор за начин на вежбање за следен час.

Час 40, 41 и 42 за 6-9 одд. ФЗО, Лордоза - превенција by Jugoslav Spasikj is licensed under CC BY 4.0 

No comments:

Post a Comment

Час 58, 59 и 60 за 6-9 одд. (360 видео VR) ФЗО, Јаже за експлозивна и репетитивна сила

  УПАТСТВО ЗА ГЛЕДАЊЕ НА 360 ВИДЕО: https://youtu.be/3B2iX2QzFiE ​ Доколку е матна сликата на видеото ќе треба да го подесите квалитетот на ...