Tuesday, March 16, 2021

Час 3 за 1 одд. Тандем, Одење и Трчање

 (0:00) Тема 4: Атлетика

Методска единица: Елементарни игри со одење и трчање Цел: Ученикот да изведе повеќе начини на одење и трчање Очекуван исход: Ученикот изведува одење назад, напред, вкрстено, страчнично и во разлини праавци; Ученикот изведува трчање преку маркери. Форми на работа: Фронтална, групна, тандем и индивидуална Нагледни средства: Интернет, Пренослив звучник, Лап-топ или мобилен како носач на звук за музиката, маркери, пластични обрачи. Методи на работа: Метод на вербална комуникација, Метод на демонстрација, Метод на практично вежбање, Метод на континуирано следење на постигнувањата на ученикот. Корелација: Со сите теми и содржини од наставната програма Корелација: Со Биологија, Информатика Методи на вреднување: Метод на континуирано следење на начинот на изведбата на вежбите, интензитетот на вежбањето како и бројот на повторувањата. Часот го започнуваме со пуштање на инструментална музика со доминација на одреден иструмент. Продолжуваме со запознавање на учениците со методската единица. Загревање во одење на разни начини како подоготовка на трчањето. Потоа следат вежбите за истегнување на мускулите, но најмногу за истегнување на нозете. По завршување на вежбте за истегнување се задаваат две вежби за трчање преку маркери и скокчиња во обрачи и протнување низ пречка, на назад се враќаат со умерено темпо и потоа одмараат до следнотто трчање. Сите вежби се изведуваат со топка, за да се даде акцент на работа со нозете. -Структура на часот: ВОВЕДЕН ДЕЛ НА ЧАСОТ, 2 минути: Започнување на час, запишување на час во е-днавник, дежурни, отсутни, ученици кои неможат целосно да вежбаат. ПОДГОТВИТЕЛЕН ДЕЛ НА ЧАСОТ, 3 минути: Запознавање на учениците со методска единица, потребни реквизи, алтернативни решенија за реквизити за вежбање во домашни услови, потребен простор?!; ГЛАВЕН ДЕЛ НА ЧАСОТ, 20 минути: Практично вежбање во мала сала која содржи примери на физички вежби за: (0:30) Воведен дел - Вежби за загревање на телесна температура; (2:40) Подготвителен дел Вежби за истегнување на мускулатурата на телото и раздвижување на зглобовите; (6:30) Главен дел - Вежби без и со реквизит со помош на кој се развиваат моторичките способности на ученикот како (координација, сила, брзина, рамнотежа, флексибилност); (13:50) Завршен дел - Вежби за истегнување и лабавење на мускулите кои се најмногу оптоварени за време на изведување на вежбите во текот на целиот час; ЗАВРШЕН ДЕЛ НА ЧАСОТ, 5 минути: Комуникација со интеракција со тандем наставникот, прашања, предлози, препораки и заклучок, договор за начин на вежбање за следен час. https://jugoslavsport.blogspot.com/ https://www.youtube.com/channel/UCamd... https://www.youtube.com/c/KrsteMisirk... https://www.youtube.com/channel/UCX9W... https://sites.google.com/view/sportsp... https://sites.google.com/view/schools... https://www.facebook.com/sportskipeda... https://www.facebook.com/FederationOf... https://www.facebook.com/uskkmk Покровители: Здружение на Спортски Педагози Куманово, Општински Сојуз на Училишен Спорт Куманово, Општински Сојуз на Спортови Куманово. Место на снимање: ООУ „Крсте Мисирков“ Куманово Одделенски наставник: Јасминка Станишковска Предметен наставник: Југослав Спасиќ

No comments:

Post a Comment

Час 58, 59 и 60 за 6-9 одд. (360 видео VR) ФЗО, Јаже за експлозивна и репетитивна сила

  УПАТСТВО ЗА ГЛЕДАЊЕ НА 360 ВИДЕО: https://youtu.be/3B2iX2QzFiE ​ Доколку е матна сликата на видеото ќе треба да го подесите квалитетот на ...