Tuesday, March 16, 2021

Час 4 за 1 одд. Тандем, Трчање преку пречки

 (0:00) Тема 4: Атлетика

Методска единица: Елементарни игри со трчање преку пречки Цел: Ученикот да изведе повеќе начини на одење и трчање Очекуван исход: Ученикот изведува трчање со работа на рацете; Ученикот изведува трчање преку пречки и маркери. Форми на работа: Фронтална, групна и индивидуална Нагледни средства: Интернет, Пренослив звучник, Лап-топ или мобилен како носач на звук за музиката, маркери, пластични пречки, корнети и ливчиња. Методи на работа: Метод на вербална комуникација, Метод на демонстрација, Метод на практично вежбање, Метод на континуирано следење на постигнувањата на ученикот. Корелација: Со сите теми и содржини од наставната програма Корелација: Со Биологија, Информатика Методи на вреднување: Метод на континуирано следење на начинот на изведбата на вежбите, интензитетот на вежбањето како и бројот на повторувањата. Часот го започнуваме со пуштање на инструментална музика со доминација на одреден иструмент во ритам за трчање. Продолжуваме со запознавање на учениците со методската единица. Загревањето е во место со ливчиња во рака и одат и трчаат во место учениците. Потоа следат вежби за истегнување кои ги правиме индивидуално. Во главниот дел на часот учениците со ливчиња во рака ги изведуваат вежбите. Прва вежба е поминување на пречките од страна во лесно одење; Втора е со поминување на пречките во лесно трчање од страна и Трета вежба е претрчување на печките по средина. На крај на часот се вежби за лабавење и истегнување. -Структура на часот: ВОВЕДЕН ДЕЛ НА ЧАСОТ, 2 минути: Започнување на час, запишување на час во е-днавник, дежурни, отсутни, ученици кои неможат целосно да вежбаат. ПОДГОТВИТЕЛЕН ДЕЛ НА ЧАСОТ, 3 минути: Запознавање на учениците со методска единица, потребни реквизи, алтернативни решенија за реквизити за вежбање во домашни услови, потребен простор?!; ГЛАВЕН ДЕЛ НА ЧАСОТ, 20 минути: Практично вежбање во мала сала која содржи примери на физички вежби за: (1:55) Воведен дел - Вежби за загревање на телесна температура; (3:33) Подготвителен дел Вежби за истегнување на мускулатурата на телото и раздвижување на зглобовите; (7:10) Главен дел - Вежби без и со реквизит со помош на кој се развиваат моторичките способности на ученикот како (координација, сила, брзина, рамнотежа, флексибилност); (15:25) Завршен дел - Вежби за истегнување и лабавење на мускулите кои се најмногу оптоварени за време на изведување на вежбите во текот на целиот час; ЗАВРШЕН ДЕЛ НА ЧАСОТ, 5 минути: Комуникација со интеракција со тандем наставникот, прашања, предлози, препораки и заклучок, договор за начин на вежбање за следен час. https://jugoslavsport.blogspot.com/ https://www.youtube.com/channel/UCamd... https://www.youtube.com/c/KrsteMisirk... https://www.youtube.com/channel/UCX9W... https://sites.google.com/view/sportsp... https://sites.google.com/view/schools... https://www.facebook.com/sportskipeda... https://www.facebook.com/FederationOf... https://www.facebook.com/uskkmk Покровители: Здружение на Спортски Педагози Куманово, Општински Сојуз на Училишен Спорт Куманово, Општински Сојуз на Спортови Куманово. Место на снимање: ООУ „Крсте Мисирков“ Куманово Одделенски наставник: Јасминка Станишковска Предметен наставник: Југослав Спасиќ

No comments:

Post a Comment

Час 58, 59 и 60 за 6-9 одд. (360 видео VR) ФЗО, Јаже за експлозивна и репетитивна сила

  УПАТСТВО ЗА ГЛЕДАЊЕ НА 360 ВИДЕО: https://youtu.be/3B2iX2QzFiE ​ Доколку е матна сликата на видеото ќе треба да го подесите квалитетот на ...