Тема: Запознај се со своето тело
Методска единица: Правам вежби гледајќи илустрации
Цел: Да изведе вежба која е асоцирана од цртеж.
Примери од цртежи, илустрации, фотографии и слики преку кои ученикот најпрво треба да ги погледне илустрациите и да антиципира и замисли како движење треба на изведе според илустрацијата или истата да го асоцира на некое движење што сам ќе го креира. Во домашни услови член од семејство може да задава задачи-вежби според различни цртежи, а ученикот да изведува движења. За позисоко ниво се бара од ученикот да креира сам движења според илустрацијата.
Видеото снимено во 360 степени формат кое може да го гледате или да го следите наставникот кој демонстрира со движење на глувче по екранот во насока во која тој се движи (сликата ротира лево-десно и горе-долу) на компјутер или со движење на паментен телефон во насоки во кои се движи наставникот што демонстрира вежби или со носење на VR очила, доколку видеото го пушти на својот компјутер родителот или ученикот. Доколку видеото го сподели наставникот преку споделување на својот екран, тогаш наставникот-одделенскиот наставник ќе мора да ја движи сликата во насока во која што се движи наставникот кој демонстрира како што е претходно опишано за ученик и родител.
No comments:
Post a Comment