Тема: Запознај се со своето тело
Методска единица: Правам вежби како моето другарче
Цел: Да изведе вежба која покажана, демонстрирана од член на семејството.
Вежби кои се дадени од наставникот или од другарчето, ученикот треба веднаш да ги изведе или нешто слично на огледало. Ученкот ја гледа демонстрацијата, го препознава и аналзира движењето и најбрго што може и реагира со правење на вежба како своето другарче.
Во домашни услови член од семејство може да задава задачи-вежби кои ќе бидат различни и тоа 10 до 15 вежби со што треба да внивама прво да задава вежби за загревање, потоа вежби за истегнување, па потоа може да дава различни вежби како главен и најинтересен дел од часот, а во следните часови да побара од ученикот да задава неколку задачи-вежби како повисоко ниво на знаење.
Структура на час: Во воведен дел на часот вежбите се подинамични и со движење на телото во лесно трчање 1-2 метри напред-назад или лево-десно за загревање на телото. Во подготвителен дел се даваат вежби за истегнување на мускулите на телото. Во главниот дел на часот дадени се вежби за координација, а на крај се дадени вежби за лабавење.
Упатство за гледање: Доколку е матна сликата на видеото ќе треба да го подесите квалитетот на сликата во HD или во најголем квалитет кој го поддржува уредот преку кој го гледате, односно, преку кој го вклучувате видеото. Видеото е снимено во 360 степени формат кое може да го гледате или да го следите наставникот кој демонстрира со движење на глувче по екранот во насока во која тој се движи (сликата ротира лево-десно и горе-долу) на компјутер или со движење на паментен телефон во насоки во кои се движи наставникот што демонстрира вежби или со носење на VR очила, доколку видеото го пушти на својот компјутер родителот или ученикот. Доколку видеото го сподели наставникот преку споделување на својот екран, тогаш наставникот-одделенскиот наставник ќе мора да ја движи сликата во насока во која што се движи наставникот кој демонстрира како што е претходно опишано за ученик и родител.
Час 11 и 12 за 1-5 одд. (во 360 степени VR) Физичко и здравствено образовние во одделенска настава by Jugoslav Spasikj is licensed under CC BY 4.0
No comments:
Post a Comment