Sunday, October 25, 2020

Час 15 за 6-9 одд. Физичко и здравствено образование

Петнаесетти наставен час за учениците од 6-9 одделение. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со употреба на реквизит пилатес топка и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба на реквизитпилатес топка каде што во три часа се обидуваме да ја подобриме моториката. Моторичка цел на часот е подобрување на репетитивна сила. Ова е трет час на кој вежбите се увежбуваат и се повторуваат спортските знаења. Повеќе од половина вежби треба да се изведуваат правилно и ученикот да ги опишува вежбите, да одбере поголем дел од вежби кои ќе ги применува 3 до 5 денелно за оваа работна недела. Часот е замислен да биде со интеракција помеѓу наставникот и учениците. На крај на видеото се поставени насоки за интерактивна комуникација со анкетирање, прашалници, квиз на спортски знаења и друго (Предлагања на нови вежби и модификации на вежби, Која група на мускули е најоптоварена во текот на часот? Со кој реквизит се вежба и што може да биде алтернатива? Колку време вежбаат сами? Колку вежби изведуваат? Колку е границата за повторување на вежбите мин-макс? Каде вежбаат? Со кого вежбаат?)


Час 15 за 6-9 одд. Физичко и здравствено образование by Jugoslav Spasikj is licensed under CC BY 4.0CC iconby icon

No comments:

Post a Comment

Час 58, 59 и 60 за 6-9 одд. (360 видео VR) ФЗО, Јаже за експлозивна и репетитивна сила

  УПАТСТВО ЗА ГЛЕДАЊЕ НА 360 ВИДЕО: https://youtu.be/3B2iX2QzFiE ​ Доколку е матна сликата на видеото ќе треба да го подесите квалитетот на ...