Шестнаесетти наставен час за учениците од 6-9 одделение. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со реквизит дрвена палка и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба исто така на реквизит дрвена палка. Ова е прв час за презентација на вежбите со реквизит дрвена палка и затоа е час за обучување, со цел подобрување на моториката на телото. Наставникот на овој час може да го презентира часот пред учениците, да ги појаснува вежбите и да предлага слични на нив. Вежбите може да се изведуваат со дрвена палка од било каква гоемина, пластична палка (што е најпожелно), јаже, ремен и слично, а доколку нема топка или друг прирачен реквизит, може да ги изведува вежбите со имитирање на држење палка. Моторичка цел за овој час е подобрување на репетитивна сила.
Час 16 за 6-9 одд. Физичко и здравствено образование by Jugoslav Spasikj is licensed under CC BY 4.0
No comments:
Post a Comment