Monday, October 26, 2020

Час 17 за 6-9 одд. Физичко и здравствено образование

Седумнаесетти наставен час за учениците од 6-9 одделение. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со реквизит дрвена палка и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба на реквизит дрвена палка. Ова е втор час за презентација на вежбите како час за увежбување на дадените вежби. Наставникот може да ги презентира вежбите, но може да ги насочи учениците сами да ги побараат вежбите на YouTube channel Sportski Pedagozi Kumanovo ако имаат таква можност и да вежбат за време на часот или после наставата. Вежбите може да се изведуваат со дрвена палка од било каква големина, пластична палка (што е најпожелно), јаже, ремен и слично, а доколку нема топка или друг прирачен реквизит, може да ги изведува вежбите со имитирање на држење палка. Моторичка цел за овој час е подобрување на рамнотежа.


Час 17 за 6-9 одд. Физичко и здравствено образование by Mihaela Denkovska, Jugoslav Spasikj is licensed under CC BY 4.0CC iconby icon

No comments:

Post a Comment

Час 58, 59 и 60 за 6-9 одд. (360 видео VR) ФЗО, Јаже за експлозивна и репетитивна сила

  УПАТСТВО ЗА ГЛЕДАЊЕ НА 360 ВИДЕО: https://youtu.be/3B2iX2QzFiE ​ Доколку е матна сликата на видеото ќе треба да го подесите квалитетот на ...