Осумнаесетти наставен час за учениците од 6-9 одделение. На овој час се дадени вежби кои ги поврзуваат двете теми: Вежби за правилен физички развој со употреба на реквизит дрвена палка и тема Вежби за развој на општа моторичка со употреба на реквизит дрвена палка каде што во три часа се обидуваме да ја подобриме моториката. Моторичка цел на часот е подобрување на рамнотежа. Ова е трет час на кој вежбите се увежбуваат и се повторуваат спортските знаења. Повеќе од половина вежби треба да се изведуваат правилно и ученикот да ги опишува вежбите, да одбере поголем дел од вежби кои ќе ги применува 3 до 5 денелно за оваа работна недела. Часот е замислен да биде со интеракција помеѓу наставникот и учениците. На крај на видеото се поставени насоки за интерактивна комуникација со анкетирање, прашалници, квиз на спортски знаења и друго (Предлагања на нови вежби и модификации на вежби, Која група на мускули е најоптоварена во текот на часот? Со кој реквизит се вежба и што може да биде алтернатива? Колку време вежбаат сами? Колку вежби изведуваат? Колку е границата за повторување на вежбите мин-макс? Каде вежбаат? Со кого вежбаат?)
Час 18 за 6-9 одд. Физичко и здравствено образование by Mihaela Denkovska, Jugoslav Spasikj is licensed under CC BY 4.0
No comments:
Post a Comment