Wednesday, November 4, 2020

Час 19, 20 и 21 за 6-9 одд. (во 360 степени VR) Физичко и здравствено образование

Упатство за гледање:
Доколку е матна сликата на видеото ќе треба да го подесите квалитетот на сликата во HD или во најголем квалитет кој го поддржува уредот преку кој го гледате, односно, преку кој го вклучувате видеото. Видеото е снимено во 360 степени формат кое може да го гледате или да го следите наставникот кој демонстрира со движење на глувче по екранот во насока во која тој се движи (сликата ротира лево-десно и горе-долу) на компјутер или со движење на паментен телефон во насоки во кои се движи наставникот што демонстрира вежби или со носење на VR очила (доколку видеото го пушти на својот компјутер родителот или ученикот). Доколку видеото го споделува наставникот преку споделување на својот екран, тогаш наставникот ќе мора да ја движи сликата во насока во која што се движи наставникот кој демонстрира или да ги види вежбите од друг агол, како што е претходно опишано за ученик и родител.

Тема2: Вежби за развој на општата психомоторика Методска единица: 19 Обучување на вежби со шише за координација и репетитивна сила. Методска единица: 20 Увежбување на вежби со шише за координација и репетитивна сила. Методска единица: 21 Интеракција на вежби со шише за координација и репетитивна сила. Цел: Ученикот да ги увежбува и усовршува изведбата на вежби за развој на мускули на телото и развој на моторни способности координација и репетитивна сила со реквизит шише со вода од 0.5 до 1.5 литри. Услови на работа: Дома или на Отворено (двор пред куќа, зграда, природа) . Наставни стредства: Компјутер или паметен телефон, Интернет, 3-4 м2 во просторија, 2-3 шишенца, вода, спортска облека. Форми на работа: Фронтална и индвидуална. Методи на работа: Метод на вербална комуникација, матод на демонстрација, матод на практично вежбање, метод на повремено следење и набљудување.
Завршен дел 5 минути: Комуникација со Интеракција, Прашања, Предлози, Препораки и Заклучок, Договор за следен час.
Корелација: Со сите теми спортски активности застапени во глобален перспективен план. Метод на вреднување и оценување на темата: Метод на континуирано следење и проверување на правилно технички и естетско изведување на вежбите и правилно дишење, примена на правилни вежби за мускулатурата која ќе е најактивна во однос на наставната единица на часот, познавање на основната групна поделба на мускулите и демонстрирање на часовите. Структура на часот: Воведен дел 5 минути: Вклучување на час, Запознавање на учениците со методска единица и Потребни реквизи; Главен дел 20 минути: Видео презентација (Воведен дел 3 минути - Подготвителен дел 5 минути - Главен дел 10 минути - Завршен дел 2 минути);
Завршен дел 5 минути: Комуникација со Интеракција, Прашања, Предлози, Препораки и Заклучок, Договор за следен час.

No comments:

Post a Comment

Час 58, 59 и 60 за 6-9 одд. (360 видео VR) ФЗО, Јаже за експлозивна и репетитивна сила

  УПАТСТВО ЗА ГЛЕДАЊЕ НА 360 ВИДЕО: https://youtu.be/3B2iX2QzFiE ​ Доколку е матна сликата на видеото ќе треба да го подесите квалитетот на ...