Friday, December 18, 2020

Час 24 за 1-5 одд. (во 360 степени VR) Физичко и здравствено образовние во одделенска настава

 Тема: Вежби за обликување на тело и движења

Методска единица: Вежби за врат, раце, труп и нозе во седење на под. Цел: Ученикот да изведе повеќе различни вежби за мускулите на тело во лежење Форми на работа: Фронтална и индивидуална Нагледни средства: Компјутер, интернет, просторија, топка. Методи на работа: Метод на вербална комуникација, Метод на демонстрација, Метод на практично вежбање од дома Корелација: Со сите теми и содржини од наставната програма Методи на вреднување: Метод на повремено онлајн следење на начинот на изведбата на вежбите, интензитет на вежбањето како и бројот на повторувањата. Часот го започнуваме со лежење на под и се раздвижуваме, истегнуваме во место на под, односно се загреваме. Вежбите се изведуваат за сите делови на телото (врат, раце, труп и нозе) и во комбинација. По вежбите за раздвижување и за истенување, некои вежби придонесуваат и за развој на сила на овие мускули. На крај на часот даваме неколку вежби за лабавење на мускулатурата. Структура на час: Во воведен дел на часот вежбите се за врат и раце. Во подготвителен и главниот дел на часот се даваат вежби за истегнување на мускулите на раце, трупот и нозете во услови на лежење на под за учење од дома.

No comments:

Post a Comment

Час 58, 59 и 60 за 6-9 одд. (360 видео VR) ФЗО, Јаже за експлозивна и репетитивна сила

  УПАТСТВО ЗА ГЛЕДАЊЕ НА 360 ВИДЕО: https://youtu.be/3B2iX2QzFiE ​ Доколку е матна сликата на видеото ќе треба да го подесите квалитетот на ...